Зголемени трошоците на живот и цените на мало во октомври

20

supermarket-pixabay

Фото: Pixabay

Трошоците на живот и цените на мало во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај оризот за 3,6%, компирот за 3,2%, млекото и јогуртот за 1,9%, сувото овошје и јаткастите производи за 1,8%, изнутриците за 1,6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,9%, месото за 0,8%, другите пекарски производи и другите прехранбени производи за 0,5%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0,4%, другите млечни производи и безалкохолните пијалаци за 0,3%.

Во октомври, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 6,2%, обувките за 4,2%, автомобилите за 3,9%, домашните миленици и сродни производи за 3,1%, болничките услуги за 2,6%, гасот за домаќинствата за 2,2%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,1%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2%, стоматолошките услуги за 1,7%, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 1,6%, теписите и другите покривки за под за 1,3%, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1,2%, услугите за сместување за 0,9%, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства за 0,8%, терапевтските помагала и опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,7%, облеката за 0,5%, малите електрични апарати за домаќинствата и резервните делови и опрема за сопствен превоз за 0,4%, услугите за одржување и поправки на станот и текстилот за домаќинствата за 0,3%, мебелот за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз и услугите за култура за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 7,4%, замрзнатото овошје за 1,8%, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1%, јајцата за 0,9%, брашното и другите жита за 0,6%, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови, сушениот зеленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук за 0,4%, житата за 0,3% и алкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, во октомври, намалување на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за 2,2%, туристичките пакет-аранжмани за 1,7%, услугите за рекреација и спорт за 1,5%, книгите за 1,3%, материјалите за одржување и поправки на станот за 1,1%, предметите за лична хигиена и здравје за 0,8%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики и услугите за лична хигиена за 0,5%, средствата за чистење и одржување за домаќинствата за 0,4%, алатите и опремата за куќа и градина, другите медицински производи и авионскиот превоз на патници за 0,3% и дискови, касети, дискети, ЦД, филмови за 0,2%.

Трошоците на животот во октомври 2017 година, во споредба со октомври 2016 година, бележат пораст од 1,9%, а цените на мало бележат пораст за 4,3%.