Зголемени трошоците на живот во мај

14

Трошоците на живот во мај оваа година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5%, а цените на мало за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на животот од 0,5% во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на компирот за 14,7%, свежото и разладеното овошје за 9,1%, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот, за 6,6%, другите пекарски производи за 1,4%, конзервираното овошје за 0,6%, брашното и другите житарки и алкохолните пијалаци за 0,5%, замрзнатото овошје, другите прехранбени производи за 0.,3% и безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Во мај, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 14,6%, мотоциклите за 6,9%, течните горива за домаќинствата за 5,7%, авионскиот превоз на патници за 2,2%, течните горива и мазива за домаќинствата за 1,8%, обувките за 1,7%, теписите и другите покривки за под за 0,9%, мебелот за домаќинствата за 0,6%, информатичката опрема за 0,5%, облеката, материјалите за одржување и поправките на станот за 0,3%, услугите за одржување и поправки на станот и поправките на електричните апарати за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај услугите за сместување за 6,9%, гасот за домаќинствата за 4,9%, туристичките пакет аранжмани за 4,7%, средствата за чистење и одржување на станот за 1,4%, малите електрични апарати за 0,7%, лековите за 0,6%, големите електрични апарати за 0,5%, велосипедите за 0,.4%, цврстите горива, алатите и опремата за куќи и градини за 0,3% и средствата за лична хигиена и здравје за 0,2%.

Трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, бележат намалување од 0,7%, а цените на мало бележат намалување од 1%.

Намалување на трошоците на животот во мај 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај јајцата за 1,2%, маслото и маснотиите за 0,5%, сувото овошје и јаткастите производи и сушениот зеленчук за 0,4%, изнутриците за 0, 3%, месото, јогуртот, сирењата и урдата за 0,2%.