Зголемено индустриското производство во декември

20

Фото: Pixabay

Индустриското производство во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемено за 7,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 23,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,6%, Капитални производи за 2,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5%, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 10,6%.

Индустриското производство во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на периодот јануари − декември 2017 година, е зголемено за 5,4%.