Зголемено индустриското производство во јануари

12

Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи опаѓање од 2,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 13,1%.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 15% и Капитални производи за 29,8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.