Зголемено индустриското производство во септември

21

industriski-strafovi-pixabay

Фото: Pixabay

Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи опаѓање од 2,6%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на други неметални минерални производи, производство на електрична опрема и производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2017 година, во однос на септември 2016 година, бележи пораст кај енергија за 3,6% и капитални производи за 8,1%, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,1%, трајни производи за широка потрошувачка за 0,1% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2%.

Индустриското производство во периодот јануари – септември 2017 година, во однос на периодот јануари – септември 2016 година, е намалено за 0,1%.