Женска трка во Скопје: На 10-ти април во Градски парк преку забава ќе се слават здравите навики

22

Pateka zenska trka

На 10-ти април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи четвртата Женска трка, којашто е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон 2016.

Неверојатно брзото секојдневие и модерниот начин на живот придонесуваат жените да имаат многу повеќе обврски, а сè помалку време за себе, време за вежбање и за водење на здрав живот со што го зголемуваат ризикот од разни заболувања. Токму поради тоа, обемните научни истражувања го потенцираат фактот дека вежбањето, одржувањето на кондицијата и водењето на здрав начин на живот се од огромно значење за модерните жени.

Низ годините, Женската трка којашто е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се здобива со голема популарност и бројот на жени кои учествуваат во трката од година во година се зголемува. За поздравување е веста дека оваа година трката е влезена во календарот на Европската атлетска федерација. За 10-ти април се очекува бројка од 1.000 жени да земат учество и да се појават во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка.

Пријавувањето е на zenskatrka.skopskimaraton.com.mk, а котизацијата до 21-ви март е 100 денари, за потоа до 6-ти април биде 150 денари. За пријави до 29-ти март секоја учесничка ќе добие стартен број со своето име.

На 10-ти април во 10:00 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10:30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории. Секоја учесничка на Женска трка со стартен број учествува во лотарија којашто ќе се одржи по завршувањето на трката со којашто ќе се доделат награди од спонзорите.

Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 11 ди 19 часот и 09.04 (сабота) од 11 до 16 часот во Скопје Сити Мол.