Жито Маркети отворија нов дисконт во скопската населба Драчево

362

Nov Zito Market vo Dracevo_2

Малопродажниот ланец Жито Маркети денеска го отвори својот најнов продажен објект во скопската населба Драчево. Маркетот со концепт на дисконт е со вкупна продажна површина од околу 200 метри квадратни, лоциран е на улицата Иван Хаџиниколов 20 (поранешната улица Ратко Митровиќ), има сопствен паркинг, а ќе функционира со две наплатни каси.

“На жителите на Драчево, им нудиме концепт на малопродажен објект со пониски цени. Отвораме дисконт продавница што соодветствува со барањата и потребите на современиот потрошувач. Жито Маркети со секој нов отворен објект останува доследен и ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

Nov Zito Market vo Dracevo_1

На денот на отворање, за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот до 21:00 часот, додека во недела и во празнични денови, маркетот ќе работи од 08:00 до 14:00 часот.

Овој објект на Жито Маркети во скопската населба Драчево ќе овозможи осум нови вработувања.