Златото го изгуби својот сјај

57

Златото го изгуби “сјајот“ за инвеститорите и централните банки во третиот квартал, објави Светскиот совет за злато, во својот последен извештај.

Побарувачката за злато се намали за 10% од почетокот на годинава и се намали на 892,3 тони меѓу јули и септември. Тоа е најмал квартален вкупен број од 2009 година, се наведува во извештајот.

Ваквите бројки се објаснуваат со влијанието што го има избувнувањето на пандемијата врз инвеститорите и потрошувачите.

Во меѓувреме, централните банки започнаа да ги користат своите резерви на злато. Нето продажбата, водена главно од Узбекистан и Турција, беше 12 тони во текот на третиот квартал, прв ваков потег од 2010 година. Банките се очекува да продолжат да купуваат злато пред крајот на годината, но со побавно темпо отколку во 2018 и 2019 година.

Во извештајот се наведува дека пандемијата ја зголемила неизвесноста и мотивирала многу инвеститори, вклучително и централните банки – да бараат средства кои ќе ја диверзифицираат и заштитуваат вредноста на нивните средства во време на криза, се вели во извештајот.

Во август, златото достигнаа историски врв од над 2.075 американски долари за унца.

Фото: Pixabay