Златото сè повеќе блеска

74

Цената на златото достигна ново рекордно ниво бидејќи пандемијата на коронавирусот не запира, па златните прачки добиваат на популарност бидејќи се сигурна инвестиција иако аналитичарите велат дека овој брз раст ќе предизвика одредени корекции.

Новото рекордно ниво на златото достигна 2.059,09 долари за унца, што е за 0,9% во однос на претходниот ден. Цената на американските фјучерси за злато се зголеми за 1% на 2.069 долари, јавува Ројтерс.

Цената на златото оваа година се зголеми за повеќе од 35%, бидејќи се смета дека ако се инвестира во него ќе се зачува вредноста на она што е вложено.

Иако златото и понатаму ќе важи за безбедно “засолниште“ аналитичарите сепак проценуваат дека ќе има одредени корекции во цената.

Кога се во прашање другите благородни метали, среброто поскапе за 4% на 28,11 долари по унца, па во еден момент достигна цена од 28,18 долари, што е највисоко ниво во последните седум години. Платината, исто така, поскапе за 1,7% на 983,27 долари за унца, а паладиумот забележа скок од 0,9% на 2.201,69 долари за унца.

Фото: Pexels