Знае каде се парите – Бафет продаде дел од акциите во Apple, еве во што инвестираше

226

Компанијата Berkshire Hathaway на американскиот бизнисмен Ворен Бафет потврди дека продаде дел од акциите во Apple, а истовремено купи удели во фармацевтскиот гигант Pfizer, AbbVie и Merck.

Од компанијата Berkshire Hathaway наведоа дека уделот во Apple е продаден во третиот квартал и откри дека кон крајот на септeмври поседувала 3,7 милиони акции на Pfizer, 22,4 милиони акции на Merck и 21,3 милиони акции на AbbVie, додека три месеци претходно немала ниту една акција.

Ова говори дека Бафет за време на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирус препозна инвестициска прилика во фармацевтската индустрија, па дел од капиталот од ИКТ секторот го префрли во индустријата која носи пари, пренесуваат странските медиуми.

Фото: Pixabay