Знаете ли кои се најбогатите двојки во светот?

66

Брачните партнери, освен што ги делат предизвиците од секојдневниот живот, оние што ги избра магазинот Forbes, делат и огромно богатство од милијарди на своите сметки.

Бијонсе и Џеј Зи

Оваа музичка двојка е 10-та на листата на Forbes по заедничкото богатство од 1,4 милијарди долари.

Кит Крафорд и Гери Ериксон

Оваа двојка стои зад Clif Bar – американска компанија што произведува органски храна и пијалаци. Тие располагаат со нето богатство од 1,8 милијарди долари.

Вели Деј и Сехат Сутарда

Тие се сопственици на компанијата Marvell од САД, што им овозможува богатство од две милијарди долари.

Нерја Сети и Брахат Десаи

Двојката основаше компанија за ИТ консалтинг и outsoursing. Нивниот успех “тежи“ 2,4 милијарди долари.

Ирен и Фатих Осман

Двојката располага со богатство од 2,8 милијарди долари, благодарение на нивната одбранбена компанија Sierra Nevada Corp.

Џин Сук и Ду Вон Чанг

Главна дејност на оваа двојка е текстилот, преку The Chang’s, од каде што инкасираа богатство од три милијарди долари.

Пеги и Енрду Чернг

Станува збор за четвртата најбогата двојка според Forbes. Нивното богатство од 3,4 милијарди долари е поради ланецот ресторани за брза храна Panda Express.

Диен вон Фрстенберг и Бери Дилер

Двојката е трета најбогата во светот со сметка од четири милијарди долари. Дилер е основач на интернет конгломератот IAC, а неговата сопруга е моден дизајнер.

Линда и Стјуарт Ресник

Со богатство од 5,6 милијарди долари, оваа брачна двојка е втора најбогата во светот. За нивното богатство е задолжен прехранбениот конгломерат Wonderful Co.

Том и Џуди Лав

Оваа двојка “тежи“ 5,9 милијарди долари и најбогата во светот со помош на Love’s Travel Stops & Country Stores, бензински станици што ги има на 430 локации во 41 држава.

Фото: Pexels