Зошто Германците купуваат големи количини злато?

115
Golden RMB coins In cloth bag

Минатата недела глобалните пазари забележаа раст на инвестициите што важат за безбедно “засолниште“. Биткоинот се приближи на вредност од 12.000 долари и го “напаѓа“ овогодишниот максимум.

Сепак, главната приказна на пазарите ја имаат благородните метали, посебно златото и среброто. Златото многу лесно го надмина рекордот од септември од 1.917 долари, а вредноста на фјучерсите за злато надминаа 2.000 долари за една унца (31,1 грам).

Ова е посебно изразено во Германија, каде од секогаш постоел голем страв од инфлација, па затоа има голема побарувачка за физичко злато, пренесува Seebiz.

Според податоците, Германците во првата половина од оваа година купиле 83,5 тони злато, со што ги надминаа и Кинезите. Веќе во првото тримесечје, побарувачката двојно се зголеми, а таквиот тренд продолжи и во вториот квартал. Домаќинствата во Германија сега имаат повеќе злато од американските и се најдоа на трето место меѓу 10-те најголеми глобални купувачи на злато.

Златници и златни прачки сочинуваат околу 96% од вкупно купеното злато во Германија во првото полугодие. Според аналитичарите, ваквото однесување на Германците е оправдано бидејќи тие се традиционално претпазливи и внимателни.

Вредноста на златото расте во последните седум недели, што претставува најдолг раст од 2011 година.

Фото: Freepik