Зошто Кина ќе закрепне од кризата побрзо од другите земји

48

Во потрага по најпогодни пазари, инвестициските фондови повторно се насочуваат кон Кина, која е прва земја што излезе од пандемиската криза.

Како што паѓа бројот на заразени случаи, така и кинеската економија покажува знаци на закрепнување и ова привлекува зголемено внимание од странските инвестициски фондови. Според CNBC, американските Pinebridge Investments, кои имаат капитал од 101 милијарди долари, решиле да се свртат кон кинескиот пазар.

“Како резултат на Ковид-19, западниот пазар е во голем пад, додека во Кина голем број компании покажуваат знаци на закрепнување“, рече извршниот директор на Pinebridge, Мајкл Кели и додава дека април ќе донесе ново зголемување на кинескиот пазар, додека западниот штотуку почнува да тоне.

UBS Asset Management има исто мислење и многу инвестира на кинескиот пазар на капитал, во којшто, како што се вели, потрошувачката на јаглен и продажбата на недвижнини во Кина веќе се на 90% од нивото пред кризата, додека работната активност се зголемува. Тие посочуваат дека кинескиот пазар на капитал е главно поврзан со технологија, а тој сектор е помалку ранлив на тековната криза.

Goldman Sachs се повикува на зборовите на кинескиот претседател, кој даде силни позитивни сигнали, а за кинеските мерки тие оценуваат како ја стимулираат домашната потрошувачка, го стабилизираат вработувањето, трговијата и финансискиот пазар. Најголем пазар на Кина стана самата Кина. Тие ги гледаат инфраструктурните проекти како можност за инвестиција, првенствено поврзани со развој и инсталација на 5G мрежи.

Но, аналитичарите сепак продолжуваат да укажуваат на пад на извозот на Кина заради кризата на глобалните пазари и геополитичката криза во односите меѓу САД и Кина.

Фото: Pixabay