Зошто шефот би требало да размислува како сомелиер?

112

Почнувањето и водење на сопствен бизнис не е ни најмалку лесна и едноставна задача. Секој ден носи нови и непознати предизвици, проблеми и потешкотии коишто може да ја одредат иднината на компанијата. Успешните компании може да се споредат со шише квалитетно вино, бидејќи и двете бараат дисциплина, знаење, вистински и квалитетни состојки.

Entrepreneur поставува неколку тези зошто шефот би требало да размислува како сомелиер?

Cabernet Sauvingnon – Ова вино има интензивен вкус и никој не може да остане рамнодушен. Така и шефот треба да знае да оцени кога треба да обрне внимание на сериозни проблеми, кога треба да се донесе брза одлука, а во која ситуација да се спроведе она што е испланирано.

Pinot Noir – вино со префинет и чист вкус. Така е и во бизнисот, некогаш работите одат глатко, а некогаш мора да се донесе елегантно и префинето решение за проблем што ако се игнорира може да предизвика сериозни проблеми. Затоа, важно е да имате доволно трпение и истенчени сетила за да ги земете конците во свои раце.

Chardonnay – автентично вино што може да изненади со различна арома. Истото се случува и во светот на бизнисот. Некој размислува на еден, друг на сосема поинаков начин, но тоа не значи дека едното е точно, а другото погрешно. Шефот никогаш не смее да ја изгуби својата личност и автентичност, а истото важи и за луѓето со кои работи и соработува.

Sauvignon Blanc – единствено вино што треба да го потсети шефот за неговата важност, позитивниот став и желбата за постојан раст. Само со таков став ќе успее да ги надмине сите пречки, проблеми и предизвици што ги носи работата, а ќе помогнат со поголема леснотија да се поднесат кризните времиња.

Фото: Freepik