Зошто Volkswagen повлекува 38.000 возила

57

Volkswagen е принуден да повлече илјадници нови автомобили од пазарот поради проблеми со педалите на сопирачките, потврди портпаролот на германскиот автомобилски гигант.

Речиси 38.000 автомобили Golf, Tiguan, Touran и T-Roc од оваа година ќе бидат повлечени. Нешто помалку од 17.600 возила се наоѓаат на домашниот германски пазар. Не се забележани штети или несреќи поради неисправни педали, додаде компанијата.

Проблемот е откриен во возило што е наменето за возење од левата страна на патот.

За време на внатрешните прегледи на возилото инженерите откриле дека плочата за педали на која се потпира ногата на возачот за време на сопирањето во некои околности може да биде искривена или дури и одвоена од земјата. Проблемот е забележан кај автоматските автомобили и возилата приспособени за возење на левата страна на патот.

Во Европа од левата страна се вози во Велика Британија, Ирска, како и на Кипар и Малта. Меѓу другите земји, правилото на левата страна е во сила и во Јапонија.

Фото: Pixabay