62 милиони долари отпремнина за отпуштениот директор

150

Поранешниот директор на Boeing, Денис Муиленбург кој беше отпуштен по кризата со моделот 737 Max ќе добие 62 милиони долари отпремнина. Тој ќе изгуби акции во вредност од 14,6 милиони долари, но има право на пензија и бонуси, соопшти компанијата.

Муиленбург беше разрешен неколку дена откако компанијата објави дека во јануари привремено ќе го прекине производството на проблематичниот авион 737 Max.

Компанијата упорно го произведуваше спорниот авион и покрај фактот дека летовите на тие авиони беа прекинати поради две несреќи во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

Фото:Pexels