ŠKODA освои награда со SmartGate – систем што ги спојува автомобилот и мобилниот телефон

ŠKODA SmartGate - Smart driving

Чешката компанија Škoda ја доби наградата Connected Car Award 2015 во категоријата “пионер“ за технолошки напредниот систем SmartGate. Признанието по третпат го доделуваат два престижни германски медиуми, Auto Bild, којшто е фокусиран на автомобилите и Computer Bild, којшто ги анализира новите достигнувања во информатичката технологија, се вели во соопштението.

Наградите им се доделува на производителите кои презентираат најинтелигентни решенија за интеграција на паметните телефони, интернетот и навигацијата со системите на автомобилот. Конкретно, SmartGate му овозможува на корисникот да добива информации на својот мобилен уред за повеќе од 40 параметри како што се количество на бензин, состојба на сопирачките, забрзување на моторот итн.

Генералниот директор на Škoda, Бернхард Мајер, ја прими наградата на саемот за електроника во Лас Вегас.

“Кога работиме на најновите генерации на автомобили, ова прашање ни е особено важно, а фактот дека ја добивме наградата е доказ дека решенијата одлично се прифатени од клиентите. Силна компонента на нашата стратегија за раст е вложување на нашата енергија во оваа сфера“, изјави Мајер.

SmartGate е достапен во новите Škoda Fabia, Octavia, Rapid, Rapid Spaceback, Yeti и Superb, а со користење на овој модерен систем и на апликациите, мобилните уреди може да се поврзат со автомобилот со цел да се добијат корисни информации околу потрошувачката на гориво, динамиката на возење итн. Друга паметна функција е SmartLink, којашто овозможува апликациите за паметни телефони да бидат прикажани и да се достапни на дисплејот на автомобилот којшто е со висока резолуција и е осетлив на допир.

Новиот автомобил Škoda Superb кој минатата година пристигна во Македонија во салонот на Порше Македонијa, игра клучна улога во прогресот на Škoda. Безжичниот интернет е достапен во автомобилот во комбинацијата со врвниот систем Columbus и брз интернет LTE. Додека со безжичниот интернет и со системот кој се монтира по желба, Škoda Media Command се овозможува од далечина да се контролираат функциите на инфо – забавниот систем Columbus. Со SmartGate и соодветните апликации, корисникот добива податоци за потрошувачка на гориво и брзина, а дополнителни информации може да бидат прикажани со апликацијата Škoda Drive. На располагање е и опцијата за следење на рутата на патување и корисни статистики и графики кои се достапни да се споделат и на социјалните медиуми. Апликациите може бесплатно да се симнат на Apple Store, Google Play и Windows Store.

Škoda е една од најстарите компании за автомобили во светот, а во моментот ги произведува моделите Citigo, Fabia, Rapid, Octavia, Yeti и Superb.