Омер Коч именуван за претседател на Коч холдинг, по смртта на неговиот брат

87

omer-koc

Омер Коч, заменик претседател на извршниот одбор на холдингот Коч, е именуван за нов претседател на компанијата, еден месец по смртта на неговиот брат Мустафа, пишува Хуријет.

“Нашиот одбор на директори одлучи претседател на холдингот да биде актуелниот заменик претседател Омер Коч, додека на неговото место ќе биде избран Али Коч, додека да се одржи првото собрание на акционери на компанијата“, велат од Коч.

Неговиот брат, Мустафа Коч, пред еден месец почина од срцев удар на 55-годишна возраст.

Омер Коч дипломираше на Универзитетот Колумбија во 1985 година, додека магистерските студии ги заврши четири години подоцна. Во холдингот Коч се вклучи во 1990 година, по што беше на неколку клучни позиции, како што се финансиски координатор, заменик претседател и претседател на енергетскиот сектор на холдингот. Член е на одборот на директори на холдингот Коч од 2004 година, а заменик претседател од мај 2008 година.

Во рамки на Коч холдингот влегуваат повеќе бизниси меѓу кои има: нафтена компанија, двата најголеми производители на автомобили Tofaş и Ford Otosan, брендот за апарати за домаќинство Arçelik, како и банката Yapı Kredi Bank и друго.