Фустеларко Борец од Битола со добивка од 11,4 милиони денари ја заврши 2015 година

48

fustelarko-borecКомпанијата Фустеларко Борец од Битола минатата година ја заокружи со добивка од 11.411.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во 2014 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 16.457.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година имаа вредност од 250.324.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 166.550.000 денари, додека 83.774.000 денари се остварени на пазари во странство.

Основна дејност на Фустеларко Борец од Битола е изработка на амбалажни кутии од картон за комерцијално пакување на производи од тутунската, прехранбената, хемиската, текстилната, фармацевтската, козметичката и други индустрии.