Основачот на компанијата Римац Автомобили, Мате Римац на својот Facebook профил објави како Јужноафриканската Република стана еден од најголемите пазари за Greyp велосипедите, пишува Телеграм.хр.
“Изненадувачки, Јужна Африка е еден од најголемите пазари за Greyp велосипедите. По многу институции (војска и полиција) низ целиот свет, полицијата на Кејп Таун започна да ги користи The Greyp G12 за фаќање лоши момци и притоа многу се забавуваат“, пишува Римац на Facebook.
Локалниот портал CapeTalk пишува дека тамошната полиција во пилот проект за борба против криминалот користи електрични велосипеди, истакнувајќи дека со нивна употреба се намалуваат трошоците и овие велосипеди може да се користат и како хибридни мотоцикли.
“Имаат батерија што се заменува и се полни, може да помине дистанца од 120 километри и да достигне брзина од 65 километри на час“, вели Роби Робертс, директор на правната служба на Кејп Таун.