Првата еко населба во Скопје ќе се вика Александрија

167

ff3e16e8-2a3c-4886-b6bb-2d3a4dd9387b

Александраија е името на новата ЕКО населба што Фабрика Карпош ќе ја гради во Скопје на простор од 150.000 м2 во општина Ѓорче Петров, веднаш наспроти Порта Влае и новиот кружен тек.

“Сакаме да се заблагодариме на сите оние кои активно се вклучија во изборот за име на населбата и да ги известиме дека Фабрика Карпош го избра името Александраија, кое се појави повеќе од 30 пати како идеја од различни граѓани. Со цел да направиме фер избор за кум на населбата и добитник на наградата, во наредниот период ќе организиравме јавно извлекување за кое дополнително ќе ги известиме учесниците”, изјави Александар Стефанов, член на управниот одбор на Фабрика Карпош и проект менаџер на ЕКО населбата.

Среќниот добитник ќе биде прогласен за кум на новата ЕКО населба и ќе добие на подарок гарсониера во новата населба, стои во соопштението.

Почетокот на изградбата на Александрија е предвиден за месец мај, а првите четири станбени комплекси се предвидени да бидат вселиви во септември 2017 година. Oваа населба е единствена од ваков тип која нуди врвен квалитет на живеење и современи услови.