Фустеларко Борец ќе ја распределува ланската добивка

41

fustelarko-borec

Компанијата Фустеларко Борец донесе предлог одлука за распределба на добивката за 2015 година.

Во текот на минатата година, компанијата оствари добивка од 11.410.823 денари, од кои 5% се распоредува за законски резерви во износ од 570.541 денари.

За бруто дивиденда се одвојува износ од 7.170.900 денари, односно 100 денари бруто дивиденда по акција со право на дивиденда со просек од 09.06.2016 година.

Остатокот од нето добивката во износ од 3.669.382 денари, како што стои во предлог одлуката, се акумулира.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 06.06.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 07.06.2016 година. Датум на пресек на акционерска книга е 09.06.2016 година, додека датум на исплата на дивидендата е до 30.09.2016 година.