GradoZero Espace, италијанска компанија за производство на текстил, создава биоразградлива веге – кожа од печурки. Производот е наречен Muskin, а според производителот истиот е како велур, но многу помек на допир и погоден за изработка на чанти, ремени за часовници, капи, влошки за чевли и друго.
Откако ќе се екстрахира од горниот дел на печурките, материјалот потоа се потемнува на природен начин.
Muskin е 100% природен, не содржи никакви хемикалии и воопшто не е токсичен. Дозволува кожата да дише, лесно се витка, отпорен е на вода, спречува намножување на бактерии и пријатен е при директен допир со кожата.
Цените се различни во зависност од големината на парчето, па така големо парче 40×15-20 сантиметри се продава за цена од 70 евра, додека помалото од 20×10-15 сантиметри за 50 евра.