Норвешка ќе го добие првиот подводен тунел

298

norway-underwater-tunnel-02-889x500Земјата на фјордовите, Норвешка ќе го добие првиот подводен тунел во светот, пишува Weather. Инфраструктурниот проект ќе вклучи инсталирање на серија подводни пловечки тунели под фјордовите и тешко достапните места за изградба на мостови.

Изградбата на тунелот се очекува да чини околу 25 милијарди долари и истиот да биде комплетиран во 2035 година. Подводната градба ќе се состои од две бетонски цевки, долги 1.220 метри, што ќе водат во различни насоки, на длабочина од 20 до 30 метри под површината на морето.

norway-underwater-tunnel-01-1020x610

Тунелите ќе ги држат понтони (привремени подвижни мостови) поврзани со специјални рамки коишто ќе ја обезбедат потребната стабилност. За дополнителна цврстина, постои можност градбата да биде прицврстена за подводни карпи.

Возењето низ подводниот тунел ќе биде како да се вози низ било кој друг надземен тунел, а Норвешка веќе има повеќе од 1.000 тунели.