Техномаркет се појави на овој пазарот како промотор на новитети и им овозможи на македонските потрошувачи да ги имаат истите можности како и потрошувачите на кој било светски пазар, а тоа е да имаат можност да купат производ во кој се инкорпорирани најсовремените технологии.
Почнувајќи од 2003 година, па се до денес, брендот Техномаркет успешно се развива на македонскиот пазар како малопродажен синџир на компанијата КиК. Во продажните салони на Техномаркет цела една деценија нашите ценети купувачи можат да најдат производи за домаќинство од познатите брендови Samsung, Philips, Sony, Panasonic, Electrolux, Zanussi, AEG, NEO, Daewoo, Indesit, Hotpoint Ariston, Rowenta, Tefal, Moulinex, Krups и многу други.
За овие десет години, Техномаркет се грижеше да ги слушне барањата на своите потрошувачи во делот на услугата, достапноста, логистиката, сервисот, како и во делот на перформансите на производите и да ги убеди светските производители да произведат палета на производи токму со овие нивни барања.
Покрај перформансите на производот, купувачот има најразлични можности да одбере на кој начин ќе го купу производот и тоа: на кредит, со кредитни картички или пак преку синдикална продажба на рати.
И не само тоа, се со цел нашите производи да бидат подостапни на нашите купувачи, секој месец организираме промоции и акции со ценовно намалување, наградни игри, програми за лојални купувачи, наградни конкурси, а притоа користејќи ги сите комуникациски гласила за да бидеме сигурни дека сите тие акции ќе стигнат до секој наш потенцијален купувач.
Продажната мрежа на Техномаркет во моментов се состои од 16 продажни салони ширум земјава, а за навремено секој купувач да го добие производот кој му е потребен, располагаме и со сопствена логистичка мрежа и сопствен царински склад.
И сега, со целото наше стекнато 10 годишно искуство сакаме да изразиме голема благодарност на сите наши досегашни клиенти за довербата која ни ја даваа изминативе години. Оваа годишница сметаме дека е заедничка и заедно сакаме да ја прославиме организирајќи Големата Наградна игра, наградувајќи ги најсреќните купувачи со Автомобил Renault Twingo и со уште 100 други вредни награди.