Сигурносно стакло од Прилеп прокнижи загуба од три милиони денари

168

denari-1

Сигурносно стакло од Прилеп, во временски период од јануари до декември, оствари загуба од 3.023.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата прикажа загуба од 266.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 12-те месеци од 2016 година изнесуваа 4.185.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 9.214.000 денари.

Основни дејности на компанијата се трговија на мало со метална стока, бои и стакло и издавање и управување со сопствен недвижен имот.