Макпрогрес со рекорден раст на извозот

93

makprogresМакпрогрес доо од Виница во месец јануари оваа година забележа пораст на извозот за 32% во однос на јануари 2012, а 63% во однос на јануари 2011 година, и покрај тоа што месеците јануари и февруари се најтешките месеци, кога продажбата максимално опаѓа.

Во 2012 година, оваа кондиторска компанија оствари вкупни приходи од 17,6 милиони евра, што е раст од 11,33% во споредба со 2011 година.

Макпрогрес со вкусот и квалитетот на своите производи успешно се бори на високо конкурентните пазари во околу 40 држави во светот. Макпрогрес претставува успешен пример како се освојуваат пазарите и како да се задоволат барањата и вкусовите на толку многу различни култури и традиции.