Градски трговски центар (ГТЦ), во првото тримесечје од 2017 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.069.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.
Во првите три месеци од 2016 година, компанијата оствари добивка во висина од 8.795.000 денари.
Заклучно со 31-ви март оваа година, вкупните приходи од продажба достигнаа 50.001.000 денари, додека истиот период во 2016 година изнесуваа 52.886.000 денари.
Основна дејност на ГТЦ е стопанисување со деловен простор во еден системски и функционално поврзан деловен објект во центарот на градот.