ПроКредит банка во своето портфолио има нова и специјална понуда наменета за ИТ професионалци.
“Бидејќи знаеме дека вашата професија е динамична и дека работата на компјутер Ви е секојдневие, Ви нудиме 24 часа модерно банкарство и одлични услови за кредитирање. Нашите советници за клиенти се професионалци, кои може да дадат личен совет за кредитите и депозитите и заедно со нив може да ги испланирате вашите инвестициски планови во блиска иднина“, велат од банката.
Во специјалната понуда, банката нуди 24 часа модерно банкарство преку кое клиентите: имаат 24/7 пристап до своите сметки; може да вршат уплата и исплата на денари и евра во секое време; имаат пристап до штедна сметка со картичка; една картичка за сите сметки; модерна платформа за е – банкарство со можност за плаќање во земјата и странство; плаќања во земјата без провизија преку е – банкарство; сет банкарски услуги прилагодени на потребите на клиентите; личен советник за клиенти зони 24/7 што се на сигурни, безбедни и осветлени локации со паркинг и мониторинг 24/7.
Исто така, банката на ИТ професионалците им нуди и поволни услови за: станбен кредит; кредит за еко реновирање; кредитна картичка и дозволено пречекорување на сметка и потрошувачки кредит.