Камион со мешалка за бетон на хибриден погон

379

mikser-za-beton-pixabay

Фото: Pixabay

Кинеската компанија Efficient Drivetrains, во соработка со производителот на товарни возила Shannxi Automotive, создаде камион со мешалка за бетон на хибриден погон, пишува Business Wire.

Овој камион, што тежи 32 тони, не само што ќе може да се движи со помош на електрична енергија, туку и напојувањето на мешалката ќе биде на посебен електро – погон. Тоа ја елиминира потребата камионот да работи и да троши горива, во исто време, додека се меша бетонот.

Во овој момент, двете компании прават тестирање на перформансите на овој камион, а се очекува да се вклучи во работа во следните неколку месеци.