Котација на 16-та емисија на обврзници за денационализација

43

makedonska-berza2

Одборот на директори на Македонска берза, на 29-ти декември, донесе одлука за котација на 16-тата емисија на обврзници за денационализација, стои во соопштението на Македонска берза.

Шестнаесеттата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
Вид на хартијата од вредност: Шестнаесеттата емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
Издавач: Република Македонија;

Вкупен износ на емисијата: 8.000.000 евра;
Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
Број на издадени обврзници во емисијата: 8.000.000;

Датум на издавање: 28.12.2017 година;

Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 28.12.2017 година;
Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2027 година;
Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2018 година;

Почеток на тргување со обврзниците: 05.01.2018 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
ИСИН: MKMINF200DG5;
Шифра за тргување на Берзата: RMDEN16;
Распоред на тргување: Континуирано тргување.