Фото: LG
Корејската компанија LG го проширува своето портфолио на роботи со три нови модели за комерцијална употреба, пишува Engadget.
Неречени се CLOi и сите вршат различни активности. Робот што услужува на различни места – Serving Robot, робот за чекирање, плаќање и носење багаж – Porter Robot и робот како личен асистент за купување – Shopping Cart Robot.
Производителот ќе ги соопшти сите потребни детали за своите најнови CLOi роботи на Светскиот саем за електроника што ќе се случи следната недела во Лас Вегас.