Ford официјално влезе во Гинисовата книга за рекорди за поставен најголем билборд во светот, откако го откри рекламниот постер за своето најново теренско возило Ford EcoSport на вкупна површина од 5.265 м2, што е еквивалентно на 20 тениски игралишта, а е поставен на исконската зграда España во центарот на Мадрид, Шпанија.
По деталната проверка на инсталацијата, судијата на Гинисовите рекорди и официјално потврди дека се работи за најголемиот билборд во светот, кој го надмина претходниот рекорд во Дахран, Саудиска Арабија, за 241,93 м2.
Билбордот беше поставен до крајот на февруари, по што ќе биде дониран во центарот за вработување лица со посебни потреби на Фондацијата Апаскови, со што ќе им се даде втор живот на сите употребени материјали.
Инаку, “дигитално“ билбордот тежи 68 GB, за негова изработка беа потребни 65 часови дизајнерска работа и беа употребени вкупно 50 фотографии, а за неговото печатење беа потрошени 30 литри мастило и вкупната тежина на платно од 2.000 килограми.