Фото: НБРМ
Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, оваа недела ја одбележуваат Глобалната недела на парите.
По тој повод Народната банка на Република Македонија организира проект за финансиска едукација којшто предвидува: организација на национални и меѓународни настани посветени на финансиската едукација и писменост; изработка на поучни едукативни материјали (брошури, летоци, прирачници, учебници, стрипови) во коишто се разработуваат повеќе аспекти од економската сфера: централната банка и нејзината улога и функции, клучните финансиски институции, економските поими, штедењето, финансиските производи, како и заштитата на корисниците на финансиските услуги; и соработка со меѓународни институции и организации кои се посветени на изградба на политики за финансиска вклученост и едукација и изработка на стратешки документи.
Финансиската едукација може да се дефинира како процес со којшто финансиските потрошувачи/инвеститори го подобруваат своето знаење во врска со финансиските производи, концепти и ризици и, преку информации, обука и/или објективни совети, се стекнуваат со вештини и самодоверба околу финансиските ризици и можности.