3D куќа изградена за само 48 часа

45

Фото: CLS architetti

Многу 3D печатени куќи се појавуваат во последно време, но ова е прв пат еден реномиран архитект за само 48 часа да  изгради куќа од специјален малтер за брзо сушење. Објектот зафаќа површина од 100 метри квадратни, а целиот материјал се поставува за пет минути пренесува TheHugger.

Дизајнерот Масимилиано Локатели, вели дека 3D печатењето ќе биде домување на иднината, и дека неговата куќа може да биде конструирана насекаде, “дури и месечината”.

При градењето се користел бетонски печатач Cybe mobile 3D и специфичен малтер наречен CyBe MORTAR. Куќата е направена од 35 модули, а секој од нив бил испечатен за 60-90 минути.

Времето на сушење на овој вид на малтер е само 24 часа во споредба со традиционалниот материјал за градба на којшто му се потребни повеќе денови.