Aвио компанијаta Wizz air воспостави директен лет од аеродромот Александар Велики во Скопје до аеродромот Скавства во Стокхолм. Директната линија е предвидено да сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок.
Воспоставувањето на авиолинијата е во рамките на проектот за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава, кој го реализира владата, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Од октомври лани Wizz air воспостави шест нови дестинации од Скопје до Милано, Италија, Ајндховен – Холандија, Дортмунд и Минхен – Германија, Малме – Шведска и Базел Милхасуен – Франција.