Фото: Pixabay
Hip rehabilitation device (HRD) е уред што го автоматизира процесот на рачна физиотераписка техника и овозможува дигитално следење на процесот на рехабилитација на лицата кои имаат проблеми со колкови, пишува Вечерњи лист.
Зад овој уред стои Филип Сирониќ и неговиот тим од Хрватска.
Со помош на овој уред, физиотерапевтите ќе можат по дигитален пат да го следат напредокот во текот на рехабилитацијата на пациентот. Терапиите на тој начин ќе бидат попродуктивни и поефикасни, а во исто време физиотерапевтите ќе заштедат време.
Сирониќ заедно со неговите колеги Петра Јосиповиќ и Филип Николиќ, во текот на студиите, го осмислија проектот FizioTech што е наменет за луѓе кои имаат проблеми со одење.