Тесла вода – иновативна алкална вода за пиење од Србија

874

Фото: Facebook

Тесла вода претставува прва високо – прогресивно алкална вода за пиење во Србија. Станува збор за необичен и иновативен производ, при чие пиење, корисникот ќе почувствува “наелектризираност“, пишува Екапија.

Единствениот (наелектризиран) вкус е резултат на специфичниот однос на минерали и јони, а главна одлика на оваа вода е прогресивната алкалност, со што е поразлична од другите само алкални води во светот.

Зад оваа вода стои компанијата Neutrino power и претставува еден од патентите на група научници кои се посветени на проучување и развивање на научните темели што ги постави Никола Тесла.

Водата засега е достапна само преку онлајн порачки, а наскоро се очекува да се најде на тамошниот пазар. Цената е 2,53 евра за едно шише.

Производниот процес на оваа вода е во завршна фаза на комплетна автоматизација и од јануари следна година, компанијата ќе биде во можност да испорача и до 3,6 милиони шишиња месечно.

Тесла водата, како што стои на официјалната страница, е енергетски извор за ќелиите; ја елиминира надуеноста и проблемите со варење; длабоко хидрира, има таканаречен antiaging ефект; во контакт со телесните течности прогресивно го алкализира целиот организам; има повеќекратно дејство кај спортисти и ги ублажува последиците од дејство на алкохол…