Фото: Facebook
Little Dot претставува апликација која на родителите ќе им помогне да го пронајдат вистинскиот одговор за здравјето на своето дете преку интернет. За таа цел на располагање стојат стручни лица кои даваат одговори на сите дилеми на родителите, пишува Нетокрација.
Во овој момент се ангажирани 40-тина медицински експерти, односно педијатри, невролози, логопеди, инфектолози, стоматолози, нутриционисти и слично, кои можат да дадат одговор на прашањата на загрижените родители.
Корисникот може да го избере соодветниот експерт, да ја прочита неговата кратка биографија, да го контактира, да му пише и да му испрати фотографии или видео или да побара стручна анализа.
Little Dot служи најчесто кога родителите сакаат да побараат второ мислење за одредена здравствена состојба на своето дете, а имаат опција и да испратат медицинска документација на увид.
За кратка консултација, корисникот треба да плати околу 13 евра, доколку сака пет минути да разговара со лекар тоа ќе чини околу 12 евра. Целокупна стручна анализа или експертиза родителите треба да платат околу 168 евра.