Samsung ги заменува пластичните амбалажи со еколошки материјали

59

Samsung вети дека ќе ги замени пластичните амбалажи со еколошки почнувајќи од првата половина на годинава, се вели во соопштението на компанијата.

Постоечките пластични кутии во коишто се спакувани телефоните и останатите уреди ќе бидат заменети со биопластика, рециклирана пластика и хартија.

Јужнокорејскиот производител ќе го менува и дизајнот на производите со цел да го намали отпадниот материјал. Полначите на телефоните ќе имаат мат финиш на којшто не му треба пластична заштита за да остане заштитен при транспорт.

Samsung очекува дека овие промени ќе бидат комплетирани до 2020 година.

Фото: Samsung Electronics