Фото: Layer
Лондонското дизајнерско студио Layer, за потребите на својот клиент Airbus, создаде прототип на паметна ткаенина за седиштата којашто на корисникот му овозможува максимална удобност летот.
Патниците преку апликација можат да ги контролираат температурата на седиштето, наслонот, притисокот и движењето. Концептот е наречен Move, а е дизајниран за да им овозможи подобро искуство на корисниците на економската класа на Airbus при кратки и средни дестинации.
Секое седиште е изработено од единечен слој на дигитално скроена паметна ткаенина, којашто служи како навлака на лесна, перфрорирана, композитна рамка.
Материјалот е мешавина од полиестерска волна и проводно предиво, а исто така вклучува и серија на сензори, коишто ја мерат тежината на патникот и моменталните услови на седиштето. Од собраните податоци апликацијата дава корисни совети, дали патникот треба да се размрда, да пие повеќе течности и слично. Седиштето се прилагодува во однос на тоа дали треба да се спие, дали е време за јадење или пак масажа.