Conscious Exclusive – нова “овошна“ линија на облека од H&M

50

Шведскиот производител на облека, H&M овој месец ќе претстави нова линија изработена од одржливи материјали, како остатоци од овошје и растенија.

Модниот бренд зад себе веќе ја има еко-колекцијата, Conscious Collection, а сега своето портфолио ќе го збогати со нови парчиња под името Conscious Exclusive, пишува Plant Based News.

Во новата линија ќе бидат вклучени чизми и јакна од Pinatex, материјал добиен од листови ананас, како и фустани изработени од Orange Fiber, еден вид на италијанска веганска свила, добиена од лушпи од портокал.

Исто така, ќе биде има облека од нов материјал Tencel, којшто се добива од пулпа од дрво, како и низа рециклирани материјали што претходно беа користени од страна на компанијата.

H&M е најголем купувач на органски памук во светот.

Фотo: Facebook