Која компанија вреди колку БДП на пет земји од Балканот?

65

Фото: Pixbay

Нема сомнение дека во светот постојат компании што остваруваат исклучителни резултати, но и се помоќни од многу држави. Меѓу тие компании се вбројуваат: Microsoft, Amazon, Alphabet, Bank of America…, а нивната пазарна капитализација неколкукратно е поголема од вредноста на бруто домашниот производ на повеќе земји во исто време.

Порталот howmuch.net направи таква компарација…

Не е тајна дека технолошкиот гигант на Бил Гејтс, Microsoft е највредна компанија на светот, надминувајќи илјада милијарди долари. Колку за споредба, вредноста на Microsoft е поголема од вкупната вредност на бруто домашниот производ на девет земји од источна Европа: Естонија (30,3 милијарди долари), Литванија (53,3 милијарди долари), Латвија (34,8 милијарди долари), Белорусија (59,6 милијарди долари), Полска (586 милијарди долари), Украина (124 милијарди долари), Молдавија (11,4 милијарди долари) и Словачка (106 милијарди долари).

Bank of America, банка што котира на берза од 1978 година, има пазарна капитализација од 278,2 милијарди долари. Ова е повеќе од вредноста на бруто домашниот производ на пет земји од централна Азија: Казахстан (170,5 милијарди долари), Узбекистан (41,2 милијарди долари), Туркменистан (44,1 милијарди долари), Киргистан (осум милијарди долари) и Таџикистан (7,5 милијарди долари).

Alphabet, компанија – мајка на Google има пазарна капитализација од 786 милијарди долари, што е повеќе од вредноста на БДП на 38 земји од Африка. Дел од овие земји се: Лесото (2,7 милијарди долари) Боцвана (18,9 милијарди долари), Намибија (13,8 милијарди долари), Зимбабве (26,1 милијарди долари), Мозамбик (14,4 милијарди долари), Ангола (107,3 милијарди долари)…

Пазарната капитализација на Facebook се проценува на 560,6 милијарди долари или колку што е од прилика колку бруто домашниот производ на Аргентина, втората најголема земја во Јужна Америка веднаш зад Бразил.

Компанијата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, има пазарна капитализација од 956,5 милијарди долари, односно Amazon вреди исто колку бруто домашниот производ на девет земји во Латинска Америка: Колумбија (333 милијарди долари), Уругвај (60 милијарди долари), Парагвај (41,6 милијарди долари), Боливија (41,4 милијарди долари), Перу (225 милијарди долари), Еквадор (107,5 милијарди долари), Венецуела (98,4 милијарди долари), Гвајана (3,6 милијарди долари) и Суринам (3,4 милијарди долари).

Visa се вбројува меѓу лидерите во финансиските компании во светот, а има пазарна капитализација од 398 милијарди долари. Таа вредност е поголема од бруто домашниот производ на девет земји од Централна Америка: Коста Рика (59 милијарди долари), Панама (65,2 милијарди долари), Никарагва (13,2 милијарди долари), Хондурас (23,8 милијарди ), Ел Салвадор (26 милијарди долари), Гватемала (78,9 милијарди долари), Белизе (1,9 милијарди долари), Јамајка (15,4 милијарди долари) и Доминикана (80,9 милијарди долари).

Netflix, еден од најпопуларните стриминг сервиси во светот, има пазарна вредност од 166,3 милијарди долари, што е повеќе од вредноста на бруто домашниот производ на пет земји на Балканот: Србија (50,6 милијарди долари), Босна и Херцеговина (19,8 милијарди долари), Црна Гора (5,4 милијарди долари), Северна Македонија (12,6 милијарди долари) и Хрватска (60,6 милијарди долари).

Технолошкиот гигант Apple има пазарна капитализација од 939,6 милијарди долари, што е повеќе од половина од вредноста на рускиот бруто домашен производ (815,3 милијарди долари). Русија, инаку, го има 12-от највисок БДП во светот.