Bird of Prey – футуристички, хибридно-електричен авион што “имитира“ птица

88

Airbus креираше концепт авион што со својот дизајн наликува на птица грабливка. Bird of Prey е хибридно-електричен авион којшто има за цел да го покаже потенцијалот од користење на биомимикрија, дизајн инспириран од природата, во авијацијата.

Според креаторот, леталото би било наменето за регионален воздушен транспорт и ќе може да смести 80 патници, пишува Dezeen.

Неговиот опсег ќе изнесува 1.500 километри. Благодарение на хибридно – електричниот погонски систем, Bird of Prey ќе согорува 30 – 50 пати помалку гориво отколку денешните авиони, обезбедувајќи оптимален перформанс со мала брзина.

Освен тоа, авионот ќе придонесе за намалување на штетните емисии во воздухот. Електричниот систем ќе ги напојува пропелерите направени од јаглеродни влакна, а исто така би произведувал помалку бучава од типичните авиони.

Фото: Facebook