Стартапот Vollebak, којшто постои три години, создаде маица со кратки ракави од растенија и алги.
Уникатниот производ е дело на двајца браќа близнаци, спортисти кои за потребите на маицата користеле пулпа од еукалиптус и бука, пишува Designboom.
Преку специфичен процес на филтрација од алгите се добива густа паста, којашто потоа се суши на сонце за да се добие прав. Тој се меша со течност врз база на вода и се добива мастило од алги.
Мастилото се печати на маица направена од дрвена пулпа, којашто претходно поминува низ процес на преработка за да се добие ткаенина.
Како што поминуваат неделите маицата постепено ја губи бојата и формата, односно се разградува.
Производот наскоро ќе биде ставен и на пазарот, а заинтересираните треба да се запишат на листа на чекање на веб страната на Vollebak.
Фото:Vollebak