Дизајнерското студио Мosevic со седиште во Англија креираше очила од отпаден тексас давајќи му нов “гламурозен“ живот на материјалот. Иако на прв поглед тексасот е тврда ткаенина креаторите го приспособуваат за новата употреба со тоа што додаваат цврста смола и ги пресуваат парчињата.
Се пресуваат помеѓу 3 и 10 слоеви со цел да се создаде цврст тексас што понатаму би се искористил за рамките на очилата.
За потребите на очилата тексасот е лакиран за да се обезбеди мазна, водоотпорна површина што ќе биде пријатна за кожата и нема да задржува нечистотија. Освен тоа материјалот не дозволува потење и не впива крем за сончање доколку корисникот го употреби.
Очилата се изработуваат во мали количини и рачно. Студиото моментално користи мешавина од износени фармерки и вишок материјал од компаниите за облека. Засега има пет различни модели на очила коишто одговараат на секаков тип на лице.
Фото:Indiegogo