Alibaba за две милијарди долари ја купува компанијата за е-трговија Kaola

70

Гигантот за онлајн продажба Alibaba го купува бизнисот за онлајн трговија Kaola, од кинеската интернет компанија NetEase за два милијарди долари.

Kaola продава увезени производи во Кина, вклучувајќи облека, потрошувачка електроника и спортски додатоци. Платформата е една од најголемите кинески веб страни за е-трговија што се фокусираат на ваков вид на продажба заедно со Tmall Global на Alibaba и JD Worldwide на JD.com.

Од компанијата велат дека Kaola ќе продолжи да функционира независно под моменталниот бренд, но со нов лидер.

Кина е еден од најголемите пазари за е-трговија, којшто, според проценките на веб страната eMarketer, се очекува да генерира 1,935 илјади милијарди долари од продажба во 2019 година.

Годишно во земјата, има вкупно 674 милиони активни корисници на онлајн услугата.

Фото: Pixabay