Индонезија, Филипини, Тајланд најголеми извозници на кокос

69

Кокосот во некои тропски предели, каде го има во изобилие, важи и за основна храна. Но, во развиените земји, тој повеќе се користи како додаток во исхраната или како деликатес.

Може да се консумира на различни начини, во свежа состојба, сушена, како дел од пијалаци, во козметика, а доста популарно е и кокосовото млеко.

Во светски рамки, најголеми произведувачи, а со тоа и најголеми извозници се Индонезија со заработка од 425 милиони долари, Филипини со 372 милиони долари и Тајланд со заработка од извоз на кокос од 125 милиони долари.

Во топ пет извозници спаѓаат и Шри Ланка со 98 милиони долари и Индија со 90,4 милиони долари.

Како најголеми консумирачи и увозници на кокос се Кина со потрошени 190 милиони долари, САД со 164 милиони, Тајланд со 118 милиони, Холандија со 77,9 милиони долари и Германија со 70,3 милиони долари.

Фото: Pixabay