Кои се најскапите зачини во светот?

689

Во секојдневната исхрана неретко се употребуваат разни зачини. Некој ги користи повеќе некој помалку, но факт е дека храната е повкусна ако се зачини со вистинските состојки.

Некои од нив, како сол и бибер, ги користиме многу често и речиси со секој солен оброк, но има и такви кои претставуваат деликатеси во светот на зачините.

Еден од нив шафранот, којшто воедно важи и за најскап начин во светот. Овој зачин е толку скап што ретко кој би можел да си дозволи негова честа употреба. Само половина килограм шафран може да чини и до 5.000 долари.

Веднаш зад него е ванилата, којашто е составен дел од десерти, разни чаеви и слично. Нејзината преубава арома и вкус е причина за високата цена на оригиналниот производ, стапчињата ванила, коишто се продаваат и по 200 долари за половина килогра.

Махлеб е трет поред најскап зачин, а воедно е и еден од најретките зачини во светот. Има сладок вкус и се користи честопати во разни печива. Потсетува на интересна мешавина од цветови, бадеми и цреши. Цената му е 68 долари за половина килограм.

Зачинот “долг бибер“ или pippali, наликува на црни долги “црвчиња“. Биберот обично има форма на мало топче, па токму заради издолжената форма овој вид на бибер се вика и долг. Има вкус на бибер со ноти на морско оревче, цимет и кардамон. Помалку од половина килограм чини 45 долари.

Семето од црн ким, исто така, спаѓа во оваа листа, а најмногу се користи во ориентални јадења и супи. Неговиот вкус е интересна комбинација на оригано, мајчина душица, кромид и бибер. За 38 долари можете да купите половина килограм од црниот ким.

Фото: Pixabay