Каде најмногу се произведува вториот најскап зачин во светот?

29

Природната ванила е вториот најскап зачин во светот, веднаш зад шафранот. Причина за високата цена е начинот на којшто се добива ванилата – преку екстракција од цвет на орхидеја. Природниот екстракт од ванила е силен ликер со кафена боја и мошне интензивен мирис. На нашите простори не се одгледува овој егзотичен зачин, но често се употребува при подготовка на слатки со помош на ванила во прав (се добива со мелење на мешунките, чија внатрешност се користи за добивање на екстрактот од ванила).

Во светот најголем производител на ванила е Мадагаскар, со годишно производство од околу 3.000 тони. Втора е Индонезија (2.300 тони), додека на трето место е Кина (885 тони). Во 10-те најголеми производители на ванила се и: Мексико (513 тони), Папуа Нова Гвинеја (502 тони), Турција (303 тони), Уганда (211 тони), Тонга (180 тони), Француска Полинезија (24 тони) и островот Реунион во Индискиот океан (21 тон).

Фото: Pixabay